Економија, финансии, бизнис

Контакт

Речиси 80% раст во производството на текстил

Речиси 80% раст во производството на текстил
Производството на текстил во Македонија нво 2013 година се зголемило за 79,9%, додека производството на облека за 13,7%, во однос на претходната 2012 година, покажуваат статистичките податоци. Сепак, според текстилците тоа не значи дека оваа индустрија излегла од криза, а пазарот сеуште го чувствува притисокот на евтина работна сила од Далечниот Исток. „Растот во производството на облека се должи на два фактори и тоа заживувањето на економијата на нашите трговски партнери од западна Европа, посебно Германија што предизвика зголемување на нарачките кај нашите компании. Вториот фактор кој влијае на зголемување е се повисоката фаза на доработка или зголемување на нашето учество во вкупната цена на готовиот производ, а тоа значи дека покрај работната рака овде се доработуваат сите други фази“, вели Ангел Димитров претседател на здружението на текстилната индустрија при Стопанската комора на Македонија. Лон производството треба да се замени за класичното и повторно да се создаде базната индустрија за да се создаде бренд, апелираат текстилците. Извозот на текстилните производи во 2013 година изнесуваше 701 милион американски долари од кои 77,6 милиони долари отпаѓа на текстилни ткаенини, а 624 милиони долари отпаѓа на готовите текстилни производи. Текстилната индустрија има значајно место во македонската економија. Околу 42000 работници работат во текстилната индустрија што претставува 12% од вкупниот број на вработени и 40% од вработените во преработувачката индустрија
Слично

Поврзани вести