Економија, финансии, бизнис

Контакт

Речиси 40% од фирмите во Македонија пропаѓаат во првата година

Речиси 40% од фирмите во Македонија пропаѓаат во првата година
Од вкупниот број на новосоздадени претпријатија во 2011 година, само 64,3% прежиевале во 2012 година, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија, чијашто главна дејност припаѓа во секторите на дејност “Дејности на здравствена и социјална заштита” (92%) и “Финансиски дејности и дејности на осигурување” (83.3%). Сепак, и покрај ова, најмногу новосоздадени фирми има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“, покажа извештајот за 2012 година за демографијата на претпријатијата во Република Македонија. Токму во овој сектор бил и најголемиот број згаснати фирми во 2010 година. Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.
Слично

Поврзани вести