Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рецесијата на Кипар во вториот квартал уште подлабока

Рецесијата на Кипар во вториот квартал уште подлабока
Cо забавување од 5,9 проценти на годишно ниво, економијата на Кипар, во вториот квартал, забележа уште подлабока рецесија, покажуваат официјалните податоци. „Објавените податоци се полоши од прелиминарните податоци за забавување од 5,4 проценти и укажуваат на најголемиот пад на кипарската економија уште од средината на 70-тите години на минатиот век“, пренесува Франс прес. Приходите од туризмот малку овозможија да се ублажат последиците од кризата, но бројот на посети на туристи се намалил во последните неколку месеци. Според податоците на Заводот за статистика, градежниот, преработувачкиот, туристичкиот и услужниот сектор забележале пад на активноста во периодот од април до јуни.  
Слично

Поврзани вести