Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рецепт како да го поминете месецот и да ги преживеете поскапувањата

Рецепт како да го поминете месецот и да ги преживеете поскапувањата

Експери од Србија советуваат дека за да се помине месецот без финансиски проблеми и да  се преживеат поскапувањата, треба да се планира буџетот. 

Советуваат во тетратка да се запишуваат сите трошоци во текот на месецот, за да се види на што може да се заштеди. 

Економистот Момир Брклија вели дека со водење на дневник за тоа каде се троши и за што, секое семејство има шанса да заштеди. 

„Во тетратка треба да се запишуваат сите производи и услуги за кои се трошат пари, и потоа да се анализира потрошувачката. Несомено, секој утврдил уште во првите месеци дека троши пари за работи кои не му се потребни. Со систем на елиминација може да се дојде до солидна заштеда“ - вели тој. 

Објаснува дека луѓето имаат проблем затоа што не ги планираат парите, или ако тоа го направиле брзо се откажуваат од планот. 

Кристина Милошевиќ, медицинска сестра вели дека таа со овој метод утврдила дека трошат многу пари на производи кои се нудат на акција, а сепак не им се потребни. 

„Друга заштеда направивме за бензин, затоа што на кратки релации наместо со автомобил одевме пеш“ - вели таа. 

Додава дека по неколку месеци полесно го планирала својот семеен буџет. 




Слично

Поврзани вести