Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ребалансот прва задача: Кај ќе сече министерот Заев, што ќе бара премиерот

Ребалансот прва задача: Кај ќе сече министерот Заев, што ќе бара премиерот

Новиот министер за финансии, лично премиерот Зоран Заев почнува со обемна операција на подготовка на ребаланс на буџетот за годинава. Кога ќе го подготви ќе треба сериозно да се зафати со нов буџет, тој за следната 2020 година. Иако не е избран за министер за финансии, затоа што тоа во Македонија е незаконски, Заев ќе го раководи овој ресор откако утре Владата на седница ќе ја донесе донесе одлуката со која ќе се пренесе правото на времено раководење со министерството до поставувањето нов министер за финасии. 

Заев вчера изјави дека неговата намера е да ги носи само крупните одлуки за функционирањето на државата, додека заменичката на министерот за финансии Ширет Елези е таа која што ќе раководи со ресорот за одлуките кој што тој ќе ги делегира.

Кога точно ќе има ребеланс ќе се знае за две недели, а во меѓувреме премиерот најавува дека ќе смени меѓу 20 и 25 директори. Инаку ребалансот, премиерот го најави уште пролетта, па кога кажа дека ќе биде министер рече дека корекција ќе има во октомври за вчера да тврди дека можно е то ада се случи и порано. 

„Имаме милијарда и пол денари предвидени за гасификација и ако не проектираме дополнителни средства, до октомври – декември ќе останеме без пари за реализација на гасификацијата“, додава Заев.

Според Заев промени ќе има и други промени поради проектите како што е повратот на ДДВ кој што стартуваше од 1 јули, но и изградбата на железницата и патиштата.


Слично

Поврзани вести