Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТО: Toj ќе обезбеди ликвидност за сервисирање на сите обврски

РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТО:  Toj ќе обезбеди ликвидност за сервисирање на сите обврски

Собранието попладнево го донесе ребалансот на Буџетот. 

Пратениците со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвоија ребалансот на Буџетот за 2024 година.

Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции. Понатаму, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.

Како што објасни министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ребалансот е обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите што имаат соодветна динамика.

Слично

Поврзани вести