Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ребалансот ја вжешти дебатата на власта и опозицијата

Ребалансот ја вжешти дебатата на власта и опозицијата

Опозицијата го затрупа ребалансот со 187 амандмани а првата расправа почна жестоко.

Пратениците од власта и опозицијата се кошкаа и докажуваа дали прекројувањето на  државната каса е нереално, додека пак министерот Тевдовски им се спротивстави дека корекциите на ребалансот се минимални. 

Во 2020 и во 2021 година државата треба да врати дури 833 милиони евра, пари кои ги позајмила за да го финансира буџетскиот минус во претходните години, кажа Тевдовски, образложувајќи го ребалансот на буџетот.

-За една година колку што ја задолживте државата, ниту еден министер ја нема задолжено. Ја стопревте изградбата на Клинички, нема локација,а ја запревте и гасификацијата-реагираа пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

На овие обвинувања министерот кажа дека ВМРО ДПМНЕ манипулира со лажни бројки во однос на јавниот долг.

Слично

Поврзани вести