Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ: Ќе се крати на кампањи, мебел, возила!

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ: Ќе се крати на кампањи, мебел, возила!

Трошоци  за возила, опрема, мебел, кампањи – со ребалансот на Буџетот ќе се посегне по повеќе ставки, особено во делот на нереализираните набавки,  кои ќе бидат рангирани како непродуктивни – дознава “Фактор“. Според нашите информации, не е исклучено дека стапката на економски раст ќе биде корегирана незначително во надолна линија. Дел од министерствата потврдуваата дека направиле анализа на трошењата заедно и  предлози за кратење ги доставиле до ресорното министерство – во најголем дел за планирани а не остварени набавки.

“Рез“ на непродуктивни трошења… 

Набавки кои се планирани а нереализирани на ниво на министрерства ќе бидат меѓу проритетите од кои ќе се крати со ребалансот на Буџетот. Извори за “Фактор“ потврдуваат дека на листата на кратење се пари од различни ставки по министерства. Ќе се посегне и по патни трошоци и по рекламни кампањи. Така, нашите информации говорат дека ќе се намалуваат пари, за главно планирани а нереализирани проекти и набавки, за мебел, за друг вид опрема, за возила, одредени транфери кои се во фукција на реклами и кампањи.

Дел до министрите најавија дека со ребалансот, на сметка на кратење на непродуктивни трошоци, очекуваат да се обезбедат пари за клучни работи кои досега биле проблем. Така, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска најави дека очекува пари со кои ќе се исплатат плати и основните надоместоци за кои припадниците на Армијата на Република Македонија имаат право согласно Законот.

“Нашата клучна цел, посочи, е како дел од овие оправдани критики да ги решаваме со буџетот од 2018 година, бидејќи голем е системот и не може со ребаланс да се реши. Но, навистина заложбата ќе ни биде еден по еден од овие основни работни услови да ги создаваме уште од 2018. Но, мислам дека со Министерството за финансии се согласивме дека е апсолутно неприфатливо делот за плати во Министерството за одбрана да не одговара на реалните потреби и тоа очекувам дека во петок ќе биде искоригирано прво на седница на Влада, а потоа се надевам дека и Собранието ќе ја поддржи таквата измена, потенцира Шекеринска“ - изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Од дел од министерствата за “Фактор“ потврдија дека веќе очекуваат кратење на непродуктивни трошења.

“Кај нас ќе се крати главно од планирани а нерелаизирани набавки – особено за возила и за опрема. На пример, лани било планирано дека ќе се купат нови возила, а тоа не е оставрено. Истото се случува и со одредени ставки за набавка на мебел. Но, дел од проектите кои се почнати и за кои постои интерес, нема да се задираат“ - коментираат од едно од министерствата.

За годинава, според сегашниот Буџет, на кој потпис има поранешниот  министер за финансии Кирил Миновски предвиден е економски раст од 3 отсто. Со ребалансираниот буџет не е исклучена можноста оваа стапка незначително да се намали.

Д.А.

Слично

Поврзани вести