РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: Приходите повисоки од планираните!
За разлика од лани вкупните приходи во Буџетот за 2015 ги надминале очекувањата при што тие ќе се преточат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.
Денес во Собранието започна расправата за ребалансот на буџетот а министерот за финансии Зоран Ставрески истакна дека реализацијата на Буџетот на расходната страна се одвивал согласно предивиденото и оти вкупните приходи биле подобри од очекувањата и подобри од минатата година.
92 милијарди и 579 милиони денари приходи во Буџетот или 13,7 проценти повеќе во однос на истиот период од лани се остварени годинава.
„Ваква реализација на приходната страна на некој начин овозможи ликвидноста на Буџетот да биде извонредно добра, да има редовност во плаќањето на обврските кон фирмите и кон корисниците на средства од буџетот и да се релаксираат односите во плаќањето во земјата. Од друга страна пак овозможи вишокот на средства над планираните да се распореди пртеку ребалансот и тоа е причината зошто тој се предлага за разлика од минатите години кога се предлагаше поради недостиг на приходи во Буџетот, рече вицепремиерот Ставрески.
Тој истакна дека намалување на ДДВ има кај даночните приходи, но сепак тоа било компензирано со повисоките приходи од данокот на добивка и акцизите, а кај данокот на добивка пак има приходи кои се 5 милијарди и 142 милиони денари или за 165 проценти повиоки од 2014.
Приходите од акцизи пак се 1 милијарда и 981 милион денари или 22 проценти повисоки од лани.
Кај капиталните расходи е предвидено за 1,115 милијарди денари повеќе средства при што со овие средства ќе се интензивираат активности за неколку проекти што се од приоритетно значење.
Со ребалансот се очекува задржување на буџетскиот дефицит кој е е проектиран на 3,5 проценти.
Слично
