Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: Приходите намалени близу 50 милиони евра

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: Приходите намалени близу 50 милиони евра

Со жестоки дебати и  негодувања ребалансот на буџетот го помина собранискиот филтер.

Пратениците од власта сами го скроија ребалансот при што од државната каса вкупните приходи ги намалија за 49 милиони евра.

Не останаа „имуни“ ни расходите , кои со ребалансот се намалија за 45 милиони евра, додека пак буџетскиот дефицит се зголеми на 34 милиони евра.

Опозициските пратеници не гласаа за овој ребаланс поради еврообврзницата, а според нив таа е издадена незаконски.

Со ребалансот на буџетот, за годинава се кратат парите наменети за капиталните инвестиции, субвенции и трансфери, како и  за набавка на стоки и услуги. Но, се предвидува зголемување на сумите наменти за социјални трансфери и за плати и надоместоци. Задолжувањата ќе прододолжат, но со засилено темпо на странските пазари, а намалено на домашен терен.

Слично

Поврзани вести