Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕАЛНОСТ ИЛИ ФИКЦИЈА: Инвеститорите навалија на Македонија?

РЕАЛНОСТ ИЛИ ФИКЦИЈА: Инвеститорите навалија на Македонија?

Нова германска компанија инвестира во Македонија. Станува збор за фирмата Костал која ќе произведува автомобилски делови. Веќе се вработени 50 лица, а до крајот на годината ќе бидат 100 вработени.

„Костал“ адаптираше и опреми повеќе хали од некогашниот гигант ЕМО а инвестицијата во оваа намена изнесуваше 4 милиони евра.

- „Костал“ планира да инвестира 30 милиони евра во македонската фабрика во следните години и на долг рок и покрај високиот степен на автоматизација ние се надеваме дека ќе креираме 800 работни места. Веруваме во реформските политики во Македонија, задоволни сме од поволните услови што државата ги нуди на странските компании, како и поволната бизнис клима. Нашата компанија има 100 годишна историја. 

Првата странска инвестиција „Костал“ ја направи во 1973 година во Мексико. Денес вработуваме 17.000 лица во 21 земја. Сигурен сум дека во претстојните години фабриката „КОМАК“ во Македонија, новиот член на Костал, успешно ќе се развива. - истакна Андреас Костал.

прочитај повеќе: Економистите се скептици дека овие инвестиции ќе донесат пресврт!

Дел од економистите сметаат дека тоа што во земјава во време на длабока политичка криза се промовираат нови странски инвестиции може да е добар политички трик, кој никој не знае колку тоа ќе го чини буџетот на државата.

„Во трката за профит, странскиот капитал се лоцира таму каде што може да смета на максимизирање на профитот. Ние не располагаме со прецизни податоци за поволностите штоима се нудат на странските компании и, доколку со таквите поволности се покрива евентуалниот ризик од политичката нестабилност, немаат причина зошто да не инвестираат во земјава, вели универзитетскиот професор Сами Беслими.

Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ смета дека во предизборието граѓаните ќе се изнаслушаат секакви ветувања, за се и сешто, па дури и за странските инвестиции, но додава дека реалноста е малку поинаква.

“Реалноста покажува дека во првите 7 месеци оваа година во Македонија влегле околу 170 милиони евра странски директни инвестиции, што е исклучително ниско ниво, т.е. само 10 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Притоа, ниското ниво на странски инвестиции не е само заради политичката криза. Од 2009 година наваму ние постојано имаме странски инвестиции од околу 200 милиони евра годишно. Тоа укажува дека проблемот е многу подлабок, вели Бранимир Јовановиќ, економски истражувач.

Слично

Поврзани вести