Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реална ли е просечната цена на станбен квадрат за нашиот стандард?

Реална ли е просечната цена на станбен квадрат за нашиот стандард?

Становите и понатаму остануваат нерелано скапи за повеќето граѓани.

Скопскиот просек на 1м2 во 2015 изнесувал  52 916 денари што всушност претставува 1,8% за разлика од 2014 година според статистиката на Државниот завод.

За разлика од главниот град просечната цена на станбен квадрат во другите градови ширум земјава лани изнесувал  33 243 денари, а процентуално тоа би било  0.8% помалку во споредба со 2014.

Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2015, таа е намалена за 2.7% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 1.5%.

Наведените просечни цени на 1м2 станбена површина се без данок на додадена вредност, појаснуваат од Државниот завод за статистика.

Според анализата на  консултантската агенција за недвижности- Фортон цените остануваат стабилни.

Продажната цена од 979 евра за метар квадратен е упросечена продажна цена низ целата држава, вклучувајќи го и Скопје, каде што по правило цените на становите се највисоки.

„Резиденцијалниот пазар бележи зголемување на бројот на реализирани продажби за 10% споредено со првата половина од 2015 година. Просечните пазарни цени остануваат стабилни на нето 979 евра за еден метар квадратен (просек за сите општини на територијата на град Скопје)“, изјави Влатко Богоевски, генералниот директор на Фортон Македонија.

Од оваа консултантска агенција велат дека нивните очекување се раст на интересот за купување на станови.

Слично

Поврзани вести