Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕАКЦИЈА ОД ТХП: Или оставка или Иванов да ја преиспита својата одлука

РЕАКЦИЈА ОД ТХП: Или оставка или Иванов да ја преиспита својата одлука

Партијата за Движење на Турците (ТХП)  најостро го осудува претседателот на државата, Ѓорге Иванов кој денеска прогласи аболиција за сите обвинети и осомничени во постапките кои што се водат против политичарите.

Турците во Македонија немаат заборавено како беа ставени под огромен притисок и терор во изминатите изборни циклуси, велат од партијата.

„Со кое лице и морал Ѓорге Иванов ги аболицира тие политичари, злосторници што “ Турците ќе ги фатеа за уши и ќе ги носеа на гласање’’, или тие што ги нарекуваа Турците “цигани’’. Да не заборавиме дека истиот Ѓорге Иванов беше избран преку истите нелегитимни и недемократски избори. Со оваа денешна одлука претседателот на државата и луѓето околу него треба да се срамат. Ѓорге Иванов по повод на различни организации доста често патува во Р.Турција каде се претставува како голем пријател на Турците и пријател на Р.Турција. Но, треба да се знае дека поради политичките одлуки и вистинското негово лице, Турците во Р.Македонија никогаш Ѓорге Иванов не го прифатија како пријател“ - стои во реакцијата.

Ако навистина Иванов себеси се смета за пријател на Турците, го повикуваме во најбрз временски рок да ја преиспита својата одлука и да ги прифати основните човекови и демократрски вредности. Во спротивно чекаме да даде оставка, додаваат од  ТХП.

Слично

Поврзани вести