Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на опозицијата
Од партијата на ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека уште во текот на вчерашниот ден ги повикале надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор.
„ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го истражат темелно и случајот ’Пуч’, да видат кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира“ се вели во соопштението на партијата.
Тие велат портпаролот на опозицијата Шилегов прво нека објасни како стекнал огромно богатство од еден милион денари па потоа да се појавува во јавноста со нови манипулации.
СДСМ се во паника наведуваат од владеачката партија и како што е наведено бидејќи се фатени дека соработувале со странски служби.
