Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реакција за текстот „Која компанија има дивиденда ама како да ја нема?“

Реакција за текстот „Која компанија има дивиденда ама како да ја нема?“

Ја известуваме јавноста дека во текст со наслов „Која компанија има дивиденда ама како да ја нема?“ објавен на 28 мај 2021 година при обработка на податоци од финансиски извештаи на „Фершпед“ во текстот не е потенцирано дека јавно достапните податоци се од консолидираниот извештај Биланс на успех на Група Фершпед за период 1.1 до 31.12.2020 година. Податоците кои се користени во текстот се објавени на веб страницата СЕИ НЕТ на „Македонската берза за хартии од вредност“ и достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=54114 

Според тие податоци вкупната сеопфатна добивка на групата „Фершпед“ за минатата година е помала од 10.000 евра на приходи од 55 милиони евра како што и е наведено во текстот.

Жалиме доколку има читатели на faktor.mk кои заради тоа што од наша страна не е потенцирано дека податоците се од консолидираниот финансиски извештај – биланс на успех не добиле потполна информација и се извинуваме.

Оваа Исправка ја објавуваме по добиеното Барање за јавно извинување од адвокатска канцеларија „Лазаров & Шоптрајанов“ полономошници на „Фершпед“ АД. кое е достапно подолу.


Целиот текст објавен на faktor.mk е достапен на следниот линк Која компанија има дивиденда ама како да ја нема?

„Фактор“ во интерес на градење на корпоративна култура будно ги следи, коментира и известува за финансиски извештаи на акционерски друштва, одлуки на акционерски собранија и други информации со единствена цел јакнење на корпоративната култура на долг рок. По што е и препознатлив во нашата јавност. Тоа сме го работеле, го работиме и ќе го работиме согласно со етички начела и професионални новинарски стандарди со единствена цел да ја направиме оваа материја (корпоративното известување) што е можно полесно приемливо на што побројна читателска публика.

Со почит,

Редакција „Фактор“


Слично

Поврзани вести