Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последна опомена до институциите: СОНК од вторник се приклучува на штрајкот со глад!

Последна опомена до институциите: СОНК од вторник се приклучува на штрајкот со глад!
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) им дава максимална поддршка на професорите кои штрајкуваат со глад на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одлучи СОНК на денешната отворена седница. На седницата беа поканети и тројцата професори, но и раководството на Универзитетот, кое не се појави. Професорот Крсте Шајноски, еден од штрајкувачите, појасни дека проблемот настанал кога деканот и нивните колеги кои ги потпишале позитивните рецензентски извештаи за нивно унапредување, од необјасниви причини, на наставничкиот совет гласале спротивно на нивната препорака. „При чиста правдина, се обидуваат да ни направат неправда. Страшно е! Ако помине ова, заборавете ја фелата! Ако ова помине вака, во иднина секој ќе мора да е близок со деканот и тие околу него или да се соочи со истата ситуација како нас“, вели Шајноски. Тројцата професори во изминатите неколку дена добија поддршка и од колегите од другите универзитети. Според универзитетскиот професор Јове Кекеновски, вели дека станува збор за преседан во високообразовната дејност. „Законот е јасен и јасно е како се напредува во кариера. Тоа не смее да зависи од волјата на поединци. Мора да победи легалитетот. Потребна е и деполитизација на Универзитетот, затоа што за жал политиката која е навлезена во сите пори не го одмина ниту образованието“, рече Кекеновски. Меѓу мерките усвоени на денешната седница на СОНК е и отворениот ултиматум до институциите - доколку до понеделник не се реши проблемот на тројцата универзитетски професори Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски, од вторник солидарно кон штрајкот со глад ќе се приклучи и советот на СОНК. Тоа значи дека со глад ќе штрајкуваат сите претседатели на синдикални региони и секретари, доколку тројцата професори не бидат избрани во повисоки звања. Здравствената состојба на тројцата професори кои штрајкуваат со глад веќе девет дена постојано се влошува.      
Слично

Поврзани вести