Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реакција на Град Скопје за обвинувањата на СДСМ за жолтицата во Шуто Оризари

Реакција на Град Скопје за обвинувањата на СДСМ за жолтицата во Шуто Оризари

После обвинувањата изнесени на денешната прес конференција од страна на опозицијата од Град Скопје реагираат на истата.

„Градот Скопје во континуитет реализира голем број на проекти во насока на подобрување на животот на жителите на Општина Шуто Оризари.

Според сите испитувања, направени од релевантни институции, на територијата на Општина Шуто Оризари има доволно количество на вода која е бактериолошки исправна. За жал, водата во оваа општина се троши во енормни количини и притоа истата не се плаќа, за што говори фактот дека процентот за наплата за вода во Општина Шуто Оризари изнесува околу 10 проценти“, се вели во соопштението на Град Скопје.

-Дополнително, на целата територија на Општина Шуто Оризари постои фекална канализација, освен на еден мал дел каде се изградени дивоградби, известуваат во соопштението, додавајќи.

„Градот Скопје во изминативе години реализира серија на проекти во насока на подобрување на животот на жителите на оваа Општина.

Од 2009 година,

- Во континуитет се собира сметот од оваа општина и исчистени се сите диви депонии,

- Изградена е нова хидрофорска постројка со која се подобри водоснабдувањето во Шуто Оризари. За реализацијата на овој проект беа одвоени средства во износ од 5 милиони денари.

- Асфалтирани се голем број на улици, меѓу кои улиците Пелагонија, улиците „17“, „19“, „30“ и „33“, каде се целосно реконструирани улици со вкупна должина од над 5.000 метри и за што се одвоени околу 20 милиони денари.

- Целосно беше обновен спортско-рекративниот центар во Шуто Оризари“.

Исто така соопштуваат дека Градот Скопје во моментов го подготвува проектот и до крајот на годината ќе биде распишан тендер за проект за водоснабдување на Општина Шуто Оризари во вредност од околу 4 милиони евра, со што ова прашање целосно ќе биде затворено.

Ако не ја видовте објавата на денешната прес конференција на СДСМ, може да ја прочитате овде!

Слично

Поврзани вести