РЕАКЦИИ ОД ВАКЦИНИТЕ: Во Србија околу 2,5 милиони вакцинирани, а вкупно 736 несакани реакции, претежно кај Синофарм
Павле Зелиќ од
Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија денеска изјави дека
заклучно со вчерашниот ден, 5. април, регистрирани се 736 реакции на вакцините против
корона вирусот. Според него, тој број е занемарлив во однос на бројот на дадени
дози на вакцини.
Зелиќ за РТС изјави дека најмногу реакции се регистрирани на вакцината Синофарм - 263, на Фајзер/БиоНтек имало 227 реакции, на Спутник V 137, додека 109 извештаи за несакани реакции биле на вакцината АстраЗенекa.
Тој забележува дека сите реакции биле лесни, освен пет, кои биле посериозни, но дека не е потребна подолга хоспитализација на вакцинираните. Посочи дека овие бројки се занемарливи во однос на бројот на дадени вакцини, оценувајќи дека е потребно да им се објасни на граѓаните дека треба да се вакцинираат, а не да бараат информации на социјалните мрежи.
„Ние мора да ја зајакнеме вербата во институциите. Сега е критичен период, секој поединец треба да се охрабри да се вакцинира. „Нема стерилитет, ниту сериозни алергиски реакции по вакцината“, рече тој.
Toj истакна дека сега, кога околу 1.200.000 граѓани ја примиле втората доза на вакцината, се очекува ефективноста на вакцината против ковид во Србија да биде мерлива.
„Меѓу починатите нема такви кои биле вакцинирани двапати. Студиите од САД, Израел, Велика Британија покажуваат дека, кај нас ќе се покаже дека вакцините даваат ефект, и ова ќе заврши во одреден момент. Во Америка рекоа на 4 јули, јас би рекол, кај нас, можеби за нашиот најголем празник Видовдан, на 28. јуни, дека можеме да имаме некаков конечен излез од оваа епидемија “, рече Зелиќ.
Извор: Бета, РТС
