Економија, финансии, бизнис

Контакт

Развојна банка одобри 23 милиони евра бескаматни кредити од „Ковид 3“

Развојна банка одобри 23 милиони евра бескаматни кредити од „Ковид 3“

Развојната банка потсетува дека нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУ за Отпорност“ од ИПА програмата.
Според тоа, досега се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 претпријатија, вработени се вкупно 15.197 лица

Од таму велат дека известувања по електронски пат, преку е-маил, се испратени до сите апликанти за чии кредитни барања се обработени


Слично

Поврзани вести