Економија, финансии, бизнис

Контакт

Развој на економијата во Македонија преку евроатлантските интеграции

Развој на економијата во Македонија преку евроатлантските интеграции
-Буџетирањето во одбраната и безбедноста во светски рамки станува сè поголем предизвик и затоа мора да се бараат нови модалитети за модернизација и опремување, изјави Сашо Стефаноски, државен секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија на научно-стручна конференција со тема „Влијанието на евроатланските интеграции врз економијата на Република Македонија", која се одржа во Стопанската комора на Македонија. Целта на конференцијата, на која присуствуваа и заменик-премиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, министерот за економија Валон Сараќини како и претставници на Стопанската Комора и академската заедница е да се разговара и да се споделат идеи и погледи во контекст на развојот на економијата и бенефитот на истата, преку интегративните процеси на државата во Евроатланските структури. -Еу ни е најголем трговски партнер, но нема да е на одмет да се отвораат и нови пазари, сугерира министерот за економија Сараќни.
Слично

Поврзани вести