Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗВОЈ И МОДЕРНИЗИРАЊЕ: Македонски железници ќе учат од јапонско искуство

РАЗВОЈ И МОДЕРНИЗИРАЊЕ: Македонски железници ќе учат од јапонско искуство

Вработени во Македонски железници ќе учат од јапонско искуство.

„Ист Јапан Реилвејс Компани“ (East Japan Railway Company) ќе ги обучува вработените во МЖ во секторите за сигурноста на железничкиот сообраќај, подигнување на системи за сигнализација, како и системи за контролирање на ситуацијата долж целата пруга.

Поддршката за развој и модернизирање е договорена на заедничка средба на генералниот директор на Македонски железници – инфраструктура Ирфан Асани и директорите за меѓунардни односи и финансии на Ист Јапан Реилвејс Компани, Јуји Фукушава и Тору Такахаши во Токио, Јапонија.

Инаку делагација од МЖ е во посета на Токио каде се разменети искуства и мислењаза реконструкцијата на МЖ, посетена е најголемата железничка станица и се презентирани методите според кои ќе се обучуваат вработените во железничката компанија Ист Јапан Реилвејс Компани.

Обуката е договорено да започне во најкраток можен рок и со истата предвидува обуки на вработени од македонски железници во  јапонската Ист Јапан Реилвејс Компани железничка компанија.

Слично

Поврзани вести