Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разумен комромис: Аболицијата да остане, помилуваните да ги снема од политиката?

Разумен комромис: Аболицијата да остане, помилуваните да ги снема од политиката?

Меѓународниот ангажман на Вашингтон, Брисел и Берлин треба да резултира со разврска на кризата во наредните неколку дена. Првиот чекор кој  е во насока на постепена нормализација на државата е одлуката на Уставниот суд со која се оспори уставноста на распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите. По едногласно  донесената  времена мерка за запирање на сите изборни дејствија на Уставниот суд и поништувањето на  одлуката  за  одржување на  избори на  5-ти јуни,  следен чекор ќе биде повлекување на  одлуката  за аболиција што ги подигна  тензиите во земјата.

ВМРО ДПМНЕ  игра на картата на конструктивна страна во разговорите со меѓународниот фактор . Партијата на Никола Груевски  прави  обиди  на меѓународните олеснувачи да им протурка  предлог кој странците би го презентирале како  нивен, а  владејачката партија би го поддржала . Предлогот е аболицијата да не биде повлечена , но  сите кои од раководствто на ВМРО ДПМНЕ  беа помилувани од претседателот Иванов да не учестуваат на  изборите  ниту да пртиципираат во идната Влада, поточно кажано  целосно да се повлечат од политичката сцена,  велат извори за „Фактор“ . Но, ваквиот план  е речиси тешко остварлив особено  заради  инсистирањето  на Стејт Департментот и на ЕУ  кои  бараат итно повлекување на одлуката  за аболицијата  како и да не се опструира  работата на Специјалното јавно обвинителство.

 „Постојат две можности за повлекување на аболицијата. Првата е да се покрене постапка за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување од 1993 година кој од страна Уставниот суд е укинат. Собранието да констатира дека укинатиот член 11 од Законот за помилување нема правна сила и како таков не може да биде основа за аболиција . Таквото автентично толкување има повратно дејство бидејки станува составен дел од Законот за помилување од 1993 година. Втората опцијата е Одлуката за аболиција да оди на Уставен суд за оценка на Законот за помилување . Уставниот суд треба да се произнесе дали укинатиот член 11 од Законот за помилување има или нема правна сила. Очекувам Уставниот суд да соопшти дека нема правна сила. Укинатите одредби од Законот за помилување не можат повторно да оживеат.Само Парламентот може да го оживее Законот за помилување. Со една таква оценка Уставниот суд може да ги поништи сите одлуки на македонскиот претседател Иванов. Уставниот суд мора да констатира дека член 11 од Законот за помилување е укинат и дека тој нема правна сила “, објаснува  за Фактор  универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ .

Според извори на Фактор  се подготвува  терен за формирање на концентрациона Влада  со задача да ја  стабилизира земјата  и  да обезбеди  услови  за одржување на фер, демократски и кредибилни избори . Во концентрационата Влада во која покрај  ВМРО ДПМНЕ , СДСМ, ДУИ и ДПА би партиципирале и помалите партии. Дека се разработува сценарио за зголемување на форматот на разговоирите со политичките партии говори информацијата до која дојде пораталот Фактор дека германскиот специјален пратеник Јоханес Хајднл ќе оствари средба и со лидерот на либералната партија Иван Величковски. На изборот на концентрационата Влада треба да му претходи договор на партиите за тоа кој ќе биде премиер.  Тоа би било Влада слична на онаа во 2001 година за време на воениот конфликт.

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести