Разрешен Кире Наумов од директорската функција на Развојна банка
Кире Наумов, најверојатно последен функционер што имаше директорска позиција од претходната власт, е разрешен како прв човек на Развојна банка на РСМ од страна на Надзорниот одбор.
Информацијата е објавена до Македонска берза каде што е наведено дека поранешниот технички министер за финансии е разрешен на 23 февруари.
За нов в.д. извршен директор е именувана Ефимија Димовска, која во јануари беше именувана за нов член на Надзорниот одбор како академски професор.
Наумов е разрешен на една година пред редовното истекување на негоовиот мандат како извршен директор на Развојна банка.
Развојна банка ги финансира бизнисите во Македонија преку поволни кредитни линии обезбедени од меѓународните финансиски институции, а во последно време менаџираше и со фамозниот Унгарски кредит од 250 милиони евра со поволна каматна стапка.
А.К.
