Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“

Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација- Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,  за нов директор го именува Тони Миновски кој е вработен во претпријатието.

Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.

Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска. 

Слично

Поврзани вести