РАЗРЕШЕН: Горан Грујевски не е повеќе началник на петтата управа
Горан Грујевски е разрешен од функцијата началник на петтата управа.
Ова денеска го откри Министерот за внатрешни работи Митко Чавков кој одбиваше да даде образложение зошто Грујевски е разрешен.
Чавков рекол дека Грујовски од вчера го прекинал боледувањето, се вратил на работа, и е разрешен од позицијата началник на петтата управа.
Грујевски е осомничен во случајот „Тврдина“ кој го покрена Специјалното јавно обвинителство, и се товари дека го организирал уништувањето на опремата за прислушување во МВР. Во истиот случај е осомничена и екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и уште три лица вработени во МВР.
Слично
