Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генералниот директор на Сава осигурување си заминува од лични причини

Генералниот директор на Сава осигурување си заминува од лични причини

Сашо Дракуловски си заминува од директорската позиција во Сава осигурување, дознава Фактор. 

Според нашите сознанија, на овој чекор се одлучил поради лични причини, како и поради свои идни планови. 

Дракуловски заминува од директорската позиција, но засега не се соопштува кој ќе го замени раководењето на компанијата. Промените во менаџментот на Сава осигурување не се официјално потврдени.

Дракуловски е генерален директор на компанијата од крајот на минатата година, период во кој успешно ја извршуваше својата функција. 

Сава осигурување е во сопственост на словенечката компанија Сава Ре која во 2007 година го откупи мнозинскиот пакет акции од Табак Осигурување. Во ноември 2011 година компанијата го заврши процесот на ребрендирање и стана „Сава осигурување“ а во мај 2019 година станува Осигурителна групација Сава (SavaInsuranceGroup).


Слично

Поврзани вести