Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗОЧАРУВАЧКИ: Секоја втора фирма во Македонија е загрозена од нелојална конкуренција

РАЗОЧАРУВАЧКИ: Секоја втора фирма во Македонија е загрозена од нелојална конкуренција

Анализите на Светска банка покажуваат дека учеството на компаниите кои се соочуваат со нерегистрираните или неформални вршители на дејност во Македонија е 55, 5% или најмногу во регионот пред Црна Гора со 52,4%, Хрватска со 48,2%, Албанија со 40,2%, Србија со 37,5% и Словенија со 26,5%.

Според анализите од анкетите на коморите на Македонија, вршителите на дејност кои работат без формално регистрирање на својата дејност т.е без фирма, се повеќе од 50% поконкурентни на пазарот од регистрираните фирми, поради тоа што не допринесуваат со обврска за плаќање на ДДВ, придонеси по основ на социјално и пензиско осигурување, тековните трошоци им се многу пониски бидејќи имаат обврска како физички лица наместо да плаќаат трошоци по индустриска тарифа.

На тој начин тие не само што го оштетуваат буџетот, туку и нудат цени за производи и услуги на пазарот кои се значително пониски, цени кои регистриран бизнис што ги плаќа сите давачки не може да ги постигне поради тоа што повисоките трошоци мора да ги пресмета во крајната цена на чинење.

Според компаниите, македонската влада треба да ја засили контролата и наплатата на непријавени даноци од т.н. сива економија и така да се постигне поголем ефект по основ на прилив во буџетот, а дури потоа да се сконцентрира на социјалната еднаквост, односно на наплата на прогресивниот данок.

Слично

Поврзани вести