Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗОЧАРУВАЧКИ: Користиме едвај една третина од европските фондови

РАЗОЧАРУВАЧКИ: Користиме едвај една третина од европските фондови
Вкупно 615 милиони евра и беа ставени на располагање на Македонија со Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија во периодот од 2007 до 2013 година, а досега земјава искористила само 210 милиони евра или околу 35%, откри вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими. Според него, Македонија има одговорност да ја подобри искористеноста на фондовите. „Констатиравме неколку области каде треба да се интервенира - тоа се стратешкото планирање и програмирање, односно ИПА секторите добиваат и други задачи, со што ова се губи од приоритетите и тоа треба да се подобри. Потоа, тука се организациската поставеност и процедурите за поставеност на ИПА - одредени институции не се доволно добро организациски поставени, а има и долги процедури за обука на кадрите“, вели Бесими. Најмалку пари се искористени за земјоделието - само 9 отсто. Над 50 милиони евра се целосно пропаднати бидејќи за нив не се понудени соодветни проекти и не биле потпишани никакви финансиски договори. Сепак, евроамбасадорот Аиво Орав вели дека е невозможно една земја да достигне 100% искористеност на европските фондови. „Секако дека има проблеми, не е лесно да се справите со ИПА средствата, процедурите се комплексни, бидејќи станува збор за многу пари и секогаш треба да бидеме внимателни и да гарантираме дека овие пари ќе се искористат во таа намена. Потребна е подобра комуникација и координација меѓу министерствата, не е можно да станете експерти за ИПА за две недели или два месеца“, додава Орав. Европската унија веќе ја планира следната финансиска конструкција за периодот од 2014 до 2020 година. Македонија се надева дека ќе добие шанса да аплицира за нови 600 милиони евра преку инструментите за претпристапна помош. Секако дека има проблеми, не е лесно да се справите со ИПА средствата, процедурите се комплексни, бидејќи станува збор за многу пари и секогаш треба да бидеме внимателни и да гарантираме дека овие пари ќе се искористат во таа намена. Потребна е подобра комуникација и координација меѓу министерствата, не е можно да станете експерти за ИПА за две недели или два месеца
Слично

Поврзани вести