Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разнишаната доверба за девизните резерви се стабилизира

Разнишаната доверба за девизните резерви се стабилизира

Последните податоци за депозитната база на банките и побарувачката на девизи на менувачкиот пазар укажуваат на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти, коишто се разнишани од домашната политичка нестабилност, покажуваат последните извештаи на Народната банка.

Од оваа институција велат дека девизните резерви се  одржуваат на соодветното ниво, и покрај негативниот шок во вториот квартал, кога се пролонгира разрешницата на домашната политичка криза, којашто се прелеа во домашната економија.

Ризиците за економијата и натаму ги оценуваат како неповолни и главно поврзани со домашната политичка криза, а присутни се и надворешните ризици на кои беше посочено во априлската проекција.

„Нов ризик во овој контекст претставува референдумското гласање на Обединетото Кралство за излез од Европската Унија, што би можело да има неповолни последици за британската и европската економија. Имајќи го сето ова предвид, Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи дополнителни промени во монетарната политика за успешно остварување на законски поставените цели“, посочија од НБМ.

Слично

Поврзани вести