Разлики како небо и земја - каде во Европа има највисоки пензии?
Пензиите се главен извор на приход за постарите лица во Европа. Околу две третини од нивниот приход во Европската Унија(ЕУ) доаѓа од јавни трансфери, првенствено државни пензии и социјални бенефиции.
Сепак, луѓето над 65 години во просек заработуваат само околу 86 отсто од приходот на вкупното население во 28 европски земји.
Според податоците на ОЕЦД, овој сооднос паѓа под 70 отсто во балтичките земји, а под 80 отсто во големите економии како што се Белгија, Данска и Швајцарија.
Според податоците на Евростат, од 2023 година, што е најновата достапна состојба, овој износ во ЕУ изнесува 17.321 евра годишно, или 1.443 евра бруто месечно.
Меѓу 34 земји низ Европа, просечните годишни пензии се движат од 3.377 евра во Турција до дури 38.031 евра во Исланд. Кога станува збор за земјите-членки на Европската Унија, износите се движат од 4.479 евра во Бугарија до 34.413 евра во Луксембург.
На дното од рангирањето, просечната пензија е пониска од 8.000 евра и изнесува (6.658 евра) годишно во Босна и Херцеговина(БиХ), Србија (7.146 евра), Црна Гора (8.078 евра), Хрватска (7.825 евра), Словачка (7.079 евра), Романија (10.581 евра), Литванија (7.676 евра), Унгарија (8.978 евра) и Латвија (8.392 евра).
Овие податоци јасно ги покажуваат разликите во износот на пензиите, највисоките износи во Европа се повеќе од десет пати повисоки од најниските.
„Некои земји од Европската Унија се едноставно посиромашни од другите, и поради ова, семејствата често се принудени да ги надополнуваат пензиите на постарите членови и да им помагаат финансиски“, рече Ноел Вајтсајд, гостин-професор на Универзитетот во Оксфорд, за Euronews Business.
Четирите најголеми економии на ЕУ се само малку над просекот на ЕУ. Меѓу нив, Италија има највисоко ниво на пензии, по што следат Шпанија, Франција и Германија.
foto freepik.com
