Разликата во цени помеѓу дизелот и бензинот од утре уште поголема
Бензините 95 и 98 од утре ќе поевтинат за два денар, според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на дизел горивото од полноќ останува иста, што значи дека и понатаму ќе се продава за 101,5 денари по литар.
Тоа значи дека со новите цени, дизелот ќе биде за 14 денари поскап од литар бензин. Пред три недели дизелот за прв пат стана поскап од бензинот во малопродажбата.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, денеска објасни дека станува збор за две различни берзи и како најголеми причини за ваквата голема разлика е во тоа што доларот го следи курсот на еврото и поради тоа што во Македонија не постои домашна рафинерија.
Слично
