Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разговорите за излез од кризата да се забрзаат, бараат од Демократски сојуз

Разговорите за излез од кризата да се забрзаат, бараат од Демократски сојуз

Разговорите помеѓу политичките партии за излез од севкупната криза да бидат транспарентни и истите да се забрзаат, порачуваат од Демократскиот сојуз.

Бараат во решенијата да се вклучат предлозите од Демократскиот сојуз и граѓанските асоцијации.

Од партијата велат дека сè поголема е загриженоста на граѓаните за иднината и перспективите на државата, како и разочараноста од состојба на статус кво.

„Демократскиот сојуз и граѓаните, пошироката јавност и медиумите, немаат елементарни податоци за предлозите како да се среди Избирачкиот список, кои се предлозите за реформи во медиумите и сл., туку само парцијални и наменски изјави од претставници на партиите вклучени во преговорите. Инаку во времето на “замрзнување" на учеството во работата на Парламентот на опозицијата, се случуваат крупни промени на штета на државните интереси. Така, се вршат системски промени во МВР, се отвора нов партиски Универзитет, се носи ребаланс на Буџетот во функција на клиентелизамот за изборите и многу други проекти кои значат подготовки за нерамноправен изборен натпревар“- се наведува во соопштението.

ДС бара сите партии да се вклучат во аргументирана расправа и анимирање на медиумите и граѓанскиот сектор, со цел да се спречи донесување на акти кои ќе имаат долгорочни штетни последици за Македонија, владеење на правото и демократијата.

Слично

Поврзани вести