Разговор еден од пресот на Заев-Јанкуловска и Ставрески: Приходите се катастрофа!
Во првиот сет на прислушкувани разговори кои ги објавува во моментот Заев се слуша како женски глас (според Заев гласот на министерката Јанкуловска) и маѓки глас според Заев гласот на вицепремиерот Ставрески) зборуваат за приходите во буџетот кои според разговорот сами велат дека се катастрофа и констатираат дека нема пари во буџетот и женскиот глас посочува да ги скратат платите на администрацијата за 5 или 10 посто.
„Дај плати да скратиме како цел свет што прави“, вели женскиот глас а машкиот глас вели дека не е магионичар.
Женскиот глас, пак, му се жали на машкиот дека нема пари за полицајците, кои спиеле на железни кревети од времето на ЈНА.Машкиот глас вели дека на крај ќе им пукне и ќе биде состојбата како во Турција со Ердоган и со погрдни зборови продолжуваат да ја коментираат економската ситуација во земјава.
Слично
