Раздвојувањето на сопственоста во ГА-МА се водеше со медијација на Енергетската заедница: Кои се игрите во процесот?
Прашањето предизвика своевидни тензии во Собранието, но остана нејасно зошто опозицијата одлучи да реагира кога самата Енергетската заедница беше и медијатор во решавањето на спорот меѓу Владата и Макпетрол околу ГА-МА. По завршувањето на процесот Владата требаше да му даде на Макпетрол 32 милиони евра, пари со кои требаше да го откупи делот но процесот е стопиран поради собраниската блокада.
Неколку пати од Енергетската заедница апелираа ова да се заврши што поскоро.Се најавуваа дури и санкции за Македонија.
Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач некокупати потенцираше дека нераздвоенииот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас во државата е суштинско прашање кое ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција.
„Посуштинско прашање е се уште нераздвоениот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас. Додека реформите во секторот електрична енергија се напреднати, нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас. Ова спречува раздвојување на преносниот оператор и ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција. Решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Спорот помеѓу Владата и Макпетрол беше решен во Центарот за решавање спорови на Енергетската заедница и очекуваме Владата да го спроведе постигнатиот договор што е можно поскоро“, рече Копач во интервју за МИА.
Регулирањето на сопственичките односи во ГА-МА впрочем целосно е во согласност со законот за енергетика и Третиот енергетски пакет кој впрочем беше инкорпориран во Законот, а усогласен како обврска од Енергетската заедница.
