Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раздвиженост на Бихаќка, и други поранешни функционери на гости кај Заев!

Раздвиженост на Бихаќка, и други поранешни функционери на гости кај Заев!

За на 09 мај се подготвува големиот сенароден протест како што го најавува опозицијата, сепак овој датум можеби и може да биде пролонгиран во зависно од тоа како ќе се одвиваат преговорите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Едно е сигурно, на Бихаќка деновиве е забележителна голема раздвиженост, особено од поранешни високи функционери на партијата. ВМРО ДПМНЕ, пак најавите на опозицијата ги протолкува како мрачно сценарио за насилно уривање на власта.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во средата потврди дека на денот на роденденот на партијата се сретнал со поранешниот, премиер, предтесдател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. Освен кафе, според информациите се почестиле и со по едно парче торта, во чест на роденденот на партијата. Повеќе детали за средбата не се соопштуваат.

„Денеска во 10 часот имав средба со Бранко Црвенковски. Заедно се напивме кафе“, изјави во средата (22.04.2015), првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.

Раздвиженост на Бихаќка, кој друг поранешен висок функционер бил на гости

Според неофицијалните информации изминативе деновиве во СДСМ владее вистинска раздвиженост. Во седиштето на партијата, особено за роденденот на партија се појавиле многу личности, а голем дел и поранешни високи функционери во партијата. Роденденот на СДСМ на Заев му го честитал и поранешниот премиер и лидер на партијата Владо Бучковски. Нема информациии за што е разговарано. Во партијата бил и Есад Рахиќ. Деновиве во партијата се појавиле и многу други активисти на партијата кои претходно се беа пасивизирале.

По две години молк, Црвенковски се појави во јавноста, во истовреме и Георгиевски ги интензивираше јавните настапи

„Кога пред две години решив да се повлечам од лидерската позиција во СДСМ, донесов и  одлука за мое целосно повлекување од јавноста“, го започна своето писмено обраќање Црвенковски.Факт е дека имаше прозивки заради неговиот молк, но истовремено неговото појавување предизвика и реакција, особено кај владеачката партија.

„На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка за тоа што преку „Вистината за Македонија“ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живееме. Сега барем нема место за ничии изговори и оправдувања дека не знаел што се случува. Сега кога им е на сите јасно предочено кои и какви ликови одлучуваат за нашите судбини и иднината на нашите деца повеќе простор за незаинтересирани или неопределени едноставно нема.

-или слобода или тиранија!

-или демократија или диктатура!

-или правна или криминална држава!

-или Македонија или тие!, напиша во своето писмо, Бранко Црвенковски. Сепак доброупатените не ја исклучуваат можноста и од ново појавување во медиумите на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и тоа многу скоро.

Интересен податок е што непосредно пред писмото на Црвенковски, во јавноста своите настапи ги интензивираше и Љубчо Георгиевски, понудувајќи модел за излез од длабоката политичка криза. Меѓусебна амнестија помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ како еден од начините за излез од кризата, овој негов предлог наиде на жестоки реакции во јавноста, а политичите партии сите го одбија од прва.

И Црвенковски и Георгиевски во одвоени обраќања до јавноста ги отфрлија шпекулациите дека тајно работат во полза на груевски, обидувајќи се на терен да ја минираат работата на актуелното раководство на СДСМ, предовдено од лидерот Зоран Заев.

Дополнително пак, Заев во изјава по писмото на Црвенковски изјави дека за иднината на Македонија и нејзините граѓани неопходно е секој поединец да го даде својот придонес, а посебно ако тоа доаѓа од искусни луѓе како што е поранешниот претседател Црвенковски“, изјави тој за Дојче веле.

СДСМ се подготовува за сенародниот собир

Во опозициската СДСМ на големо се подготвуваат за како што велат сенародниот собир на 09 мај. Овој датум може да биде поместен доколку евентуално има било каков напредок од преговорите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Брисел. На сенародниот протест се очекува да се појават илјадници луге, не само членови и симпатизери на партијата, туку и сите останати грагани кои се незадоволни од како што велат социјалдеморатите хаосот и режимското владеење на владата предводена од премиерот Никола Груевски.

Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во моментот СДСМ низ градовите континуирано ја шири вистината за Македонија, а за точниот датум на најавениот протест во Скопје јавноста ќе била дополнително информирана. На протестот се очекува да се приклучат и другите опозициски партии, НСДП, ЛДП, ЛП.  Не е исклучена можноста, подршка на сенародниот протест да даде и новата модерна вмровска тројка (амстердамска тројка) односно луѓето од како што се нарекоа слободумни патриоти, во кој активно учество имаат поранешни фунцкионери и соработници на Никола Груевски.

Ладата на Црвенковски е подготвена за протести

Во своето писмо поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски најави дека е подготвен на ист начин, како и на 24-ти декември 2012 година заедно со неговиот син да бие во првите редови, на евентуалните протести.

„И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа „каде е Бранко“, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата близина. Ладата, симболот на „отпорот“ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана, напиша Црвенковски.

ВМРО ДПМНЕ - мрачно сценарија на СДСМ

Во обид за спас, соочен со неуспехот и немањето поддршка, лидерот на СДСМ Зоран Заев во подготовка на ново, насилно и крваво сценарио, пишуваа провладините медиуми. Заев тонејќи самиот во очај се обидува да ја повлече целата земја, па токму затоа на големо зборува за создавање на конфликт меѓу граѓаните и поттикнување на тензии. Заканите за крв и насилство по улиците стануват главни изјави и на раководните лица во СДСМ, но и на опозициските медиумски пера, анализираа провладините медиуми.

Слично

Поврзани вести