Економија, финансии, бизнис

Контакт

Разбојниците ги нема, оружјето од караулата Гошинце е пронајдено!

Разбојниците ги нема, оружјето од караулата Гошинце е пронајдено!
Пронајдено е дел од оружјето кое било украдено при нападот на караулата во Гошинце. Утринава имаше голема полициска акција во тој реон. Од полицијата велат дека по спроведената акција се потврдиле првичните сомненијата за групата која го извршила, како што велат, терористичкиот чин. МВР потврди дека нивните екипи се на терен и дека по добиена судска наредба вршат претреси на повеќе локации во Малино, село во близина на Гошинце. Минатата недела во Гошинце беше нападната полициската караула. Според МВР, караулата во Гошинце била нападната од 40 униформирани и добро вооружени лица кои на униформите имале ознаки на УЧК. Тројца од четворицата дежурни полицајци ги врзале со лисици, а едниот го оставиле слободен. По истрагата што ја спровела полицијата, дошла до оперативни сознанија за местото каде што терористите го скриле оружјето кое го украле од караулата. Нема ни трага од разбојниците.
Слично

Поврзани вести