Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ратко Младиќ во тешка здравствена состојба

Ратко Младиќ во тешка здравствена состојба

Поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ (80), е во тешка здравствена состојба. Како што пишува порталот Новости, тој веќе шест дена е во болница во Холандија.

Тој, наводно, минатата недела бил префрлен од притворската ќелија во Шевенинген во цивилна болница, каде престојувал неколку дена, а сега е во затворската болница.

Како што изјави за „Новости“ неговиот син Дарко Младиќ, Ратко има пневмонија, вода во белите дробови и срцева слабост.

- Не знаеме што ја предизвикало срцевата слабост и дали Ратко можеби имал благ инфаркт во изминатите неколку дена. Сè уште не сме добиле никакви наоди за ова. Само вербално, телефонски ни кажаа дека направил ултразвук на срцето и беше дадено ветување дека сите овие наоди ќе ни бидат доставени. Инаку, пред неколку дена штотуку ги добивме медицинските резултати за короната, која ја заработи на почетокот на август. За среќа лесно ја поминал и немаше сериозни симптоми - изјави Дарко Младиќ за Новости.

Оваа информација се уште не е потврдена ниту од Холандија, ниту од болницата.

Исто така, локалните медиуми до овој момент не ја потврдија оваа информација.


Слично

Поврзани вести