Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растот на цените на светските берзи ќе предизвика зголемување на цената на горивата во Македонија

Растот на цените на светските берзи ќе предизвика зголемување на цената на горивата во Македонија

Нафтата и денеска го продолжи својот раст на светската берза. На берзата во Њујорк барел американска „лесна“ нафта за испораката во март е поскап за 90 центи и се продава по цена од 51, 38 долари, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон е поскап за 84 центи и сега чини 57, 41 долар, пренесе агенцијата Франс прес.

- Колебањето во цените на нафтата пред се е мотивирано од вестите што се однесуваат на податоците за залихите, а таквата променливост најверојатно ќе опстане и денеска по објавувањето на податоците за бројот на нафтените ископувања во САД, изјави аналитичар за агенцијата.
Заклучно со 30-ти јануари бројот на нафтени ископувања во САД е намален за 94, од 2.393 на 1.223, во однос на истиот период минатата година.
Вo понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука со голема е веројатност да ги покачи малопродажните цени на натените деривати во Македонија.

Слично

Поврзани вести