Растот на економијата каска зад задолжувањата!
Владата пред два дена на домашниот пазар се задолжи со дополнителни 7,7, милиони евра.
На истекот од оваа календарска година ќе има уште пет задолжувања, едно до крајот на овој месец и уште четири во текот на декември. Во овој период, Владата по основ на доспеани долгови на домашните кредитори треба да им врати 86,2 милиони евра.
До крајот на оваа 2015 та година треба да се реализира и задолжувањето преку новата Еврообврзница во вредност од 500 милиони евра.
Според последните податоци, заклучно со третиот квартал од годинава вкупниот Јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 43,9 проценти од БДП. Од овие пари, скоро 1,3 милиајрди евра е долг кон домашните кредитори а 2,6 милијарди евра државата должи кон странство.
Вкупниот долг на Македонија од 2008 та година досега е пораснат за 2, 4 милијарди евра без новата еврообврзница.
Економистите се загрижени што трендот на раст на долговите е драматично повисок од растот на економијата, што укажува на фактот дека задолжувањата се трошат за проекти кои не можат да донесат доволно силен развој. Имено за пет години, од 2010, како што пресметале колегите од „Капитал“, долгот е пораснат за 103 отсто, додека економијата за само 10 отсто.
Слично
