Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растот на доларот има рок на траење, и тој ќе падне

Растот на доларот има рок на траење, и тој ќе падне

Се предвидува дека доларот ќе го достигне својот врв до крајот на 2022 година, но потоа ќе влезе во период со циклично паѓање во однос на другите валути. 

Ова лето доларот на светските берзи има завидни нивоа и достигна 20 годишен максимум, но изгледа дека и растот има рок на траење, пишува lidermedia.hr.

Според некои прогнози, идната година доларот ќе почне да ја губи вредноста, а американското стопанство ќе влезе во рецесија. 

За растот на доларот е заслужен ФЕД кој ги зголеми каматните стапки во однос на другите банки. 

ФЕД сакаше да привлече инвеститори од земји со пониски стапки, а во прилог на доларот одеа и несигурностите и сомнежите за глобалната економија и тој стана прибежиште. 

Како што пишува Бизнис Инсајдер, економистите од Wells Farg велат дека доларот ќе паѓа во 2023 година, кога и ФЕД ќе ги намали стапките.  За оваа година очекуваат дека ќе има и трето покачување на каматните стапки, со цел да зајакне американската валута.  Во четвртиот квартал, доларот ќе го достигне врвот, а потоа ќе почне да паѓа. Економистите велат дека догодина САД сериозно ќе влезе во рецесија. 

Се очекува дека до крајот на оваа година еврото ќе падне на 0,96 долари, а потоа во 2023 година, еврото ќе се искачи на 1,02 долари. 

Слично

Поврзани вести