Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растот на БДП не го чувствуваат најсиромашните

Растот на БДП не го чувствуваат најсиромашните
Македонската економија мината година има раст од 3,8%, покажуваат  податоците на Државниот завод за статистика. Бруто-домашниот производ забележа раст воо сите четири кратаи изминатата година. Односно, во првиот квартал БДП имаше раст од 3,3%, потоа во вториот од 4,7%, во третиот квартале економијата забележа раст од 4,3%, а додека во последното тромесечје од минатата година растот на економијата изнесуваше 2,7%.   Растот за четвртиот квартал и општо за 2014 година е очекуван, имајќи предвид дека економијата пополека заздравуваше, во отсуство на позначајни негативни шокови, смета Благица Петрески, од Finance Think, асоцијација за економско истражување. profile„Карактеристично е што растот е воден од порастот на градежништвото и неколку услужни дејности, но во добар дел и од индустрискиот пораст, кој пак претпоставувам дека главно е генериран од работата на странските фабрики. Потврда за последново е што на расходната страна се забележува голем пораст и на извозот и на увозот, односно странските фабрики придонесуваат за зголемување на извозот, но истовремено тие увезуваат скоро се` како суровина, а додадената вредност се сведува на работната сила“, вели за Фактор, економскиот аналитичар Благица Петрески. Сепак, Петрески додава дека анализата на податоците укажува на проблемот што растот е нееднакво распределен кај слоевите, па најсиромашните помалку го чувствуваат. „Она што овие податоци не го кажуваат, а што е негативната страна на растот на БДП, е што тој е нерамномерно распореден низ слоевите. Имено, според некои показатели, голем дел од овој раст се акумулира кај слоевите кои се повисоко на доходовната скала и не може да се каже дека е во корист на сиромашните, вели Петрески. Според податоците а НБРМ, вкупната економија во земјава во 2013 година има раст од 2,7%, а додека во 2012 година економијата бее во минус од 0,5%. За годинава пак се прогнозира раст на БДП од 4%. Н.С.
Слично

Поврзани вести