Растот на БДП е осиромашувачки
-Статистички, економијата во Македонија покажува раст, но граѓаните осиромашуваат или барем не се богатат. Се богати малубројната елита од 1-3 отсто, а сите други се среќни ако останат на своето, вели професорот Ванчо Узунов во изјава за Телма.
Тој смета дека растот на БДП е неодржлив бидејќи од 4,7 отсто во вториот и 4,3 отсто во третиот квартал тој продолжува да паѓа на 2,7 отсто во четвртиот квартал, што според професорот Узунов има можна тенденција за негово продолжено намалување во текот на годинава.
Професорот Узунов посочува дека буџетот за оваа година не е добро поставен, бидејќи се базира на враќање на долгови со нови поголеми задолжувања.
Наспроти него, стопанствениците сметаат дека растот на БДП ќе ја подобри економијата и очекуваат ваквиот тренд да продолжи.
-Трендот е позитивен, очекувањата се и за 2015. Прогнозите ни беа 3,5 отсто а за годинава 4 отсто – изјави за Телма, извршниот директор на ССК, Митко Алексов.
Економскиот раст на Македонија според ММФ во 2016 година ќе биде 4%, додека за годинава се предвидува раст од 3,7 отсто.
Слично
