Расте задолженоста во еврозоната
Задолженоста на 17 земји кои како валута го користат еврото на крајот од вториот квартал порасна на 90% од нивниот БДП, иако тие се обидуваат да ја намалат потрошувачката. Според Евростат, растот на долгот на 88% на 90% во споредба со претходното тромесечје, потврдува дека отсуството на стопанскиот раст им прави проблеми на членките на еврозоната да се справат со своите сопствени долгови.
Исто така и деловната активност на приватниот сектор во еврозоната падна уште подлабоко во октомври, спуштајќи се на 40 месечен минимум, покажа анкетата на истражувачката фирма Маркит, со најбрзо темпо од јуни 2009 година. Композитниот индекс на управување со набавката, кој се пресметува врз основа на анкета во 5000 компании во еврозоната, месецов падна на 45,8 од 46,1 поен во септември.
Слично
