Расте вредноста на доларот во однос на три други валути
Расте вредноста на американската валута.
Доларот денеска зајакна во однос на еврото, британската фунта и јенот, поттикнат од проценките дека Банката на федерални резерви ќе го забави агресивното темпо на зголемување на клучните каматни стапки од декември. Доларот зајакна и во однос на фунтата за 0,4 отсто, така што британската валута се тргуваше за 1,1516 долари.
Еврото се намали за 0,2 отсто во однос на доларот на 0,9941 долари, откако претходниот ден се намали за 1,0 отсто, затоа што пазарите останаа внимателни по пораките на Европската централна банка, откако таа ги зголеми каматните стапки за 75 базични поени, објави Ројтерс. Доларот порасна за 0,8 отсто во однос на јапонската валута на 147,43 јени. Кај валутите често има осцилации.
foto freepik.com/jcomp
