Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте вредноста на доларот во однос на еврото и јенот

Расте вредноста на доларот во однос на еврото и јенот

Два дена по ред расте вредноста на доларот. 

Оваа валута зајакна во однос на европската, така што цената на еврото се намали на 1,0250 долари. За споредба вчера во овој момент се тргуваше за 1,0295 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 140,45 на 141,95 јени.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,20 отсто, на 87,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,05 отсто, на 79,75 долари.

На азиските берзи денеска се тргува претпазливо, затоа што инвеститорите се плашат од нови ограничувања против ковид-19 во Кина, што може да доведе до дополнително забавување на растот на втората по големина економија во светот.

По четири седмици намалување, сега доларот ја зголеми својата вредност. 

Но, челниците на ФЕД велат дека има уште долг пат за да се потисне инфлацијата, поради што ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

foto freepik.com/drobotdean

Слично

Поврзани вести