Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте производството на вода во Македонија, ама тешко се продава на странските пазари

Расте производството на вода во Македонија, ама тешко се продава на странските пазари
Производството на вода за пиење во Македонија континуирано расте во последните години. Статистичките податоци покажуваат дека во 2013 година, производството на вода бележи раст од 6 отсто во однос на 2012 година. Вкупниот извоз минатата година бил поголем за 5 отсто, додека увозот опаднал за 27 отсто. Главен проблем, според производителите на вода, за слабиот раст на извозот е тоа што традиционално се свртени кон регионалниот пазар каде што имаат голема конкуренција и малку е направено за пробив на поголеми пазари. Според претседателот на регионалната комора од Кавадарци и извршен директор на компанијата „Кожувчанка“, Митко Јанчев, можности за увоз има пред се на пазарите на Блискиот Исток, но за тоа е потребна поголема конкурентност со иновации за намалување на трошоците во производството и помало загадување на околината. „Во нашата компанија веќе инвестиравме 1,5 милиони евра во најнова технологија за производство на амбалажа. Со тоа имаме  30 отсто помало користење на пластика и истовремено ги намаливме трошоците на производство 30 до 40 отсто, со што нашиот производ добива на конкурентност и ќе може полесно да се пласира“, објаснува Јанчев. Зголеменото производство на вода за пиење, според познавачите, се должи на развојот на малопродажните синџири и промената на животните навики на населението. Најголемот дел од произведеното е пласирано на домашниот пазар (80 отсто), а остатокот се извезува. Во Македонија егзистираат 26 компании кои произведуваат вода со околу 1.200 постојано вработени.  Дел од компаниите веќе почнаа да инвестираат во модернизирање на производството и воведување иновативна амбалажа, атрактивен дизајн, а размислуваат и за посериозни промотивни кампањи за пробив  на странските пазари.
Слично

Поврзани вести