Расте производството на соларна енергија во Романија
Од 2016 година Романија ќе произведува повеќе соларна отколку нуклеарна енергија, под услов вложувањата во фотонапонски постројки да продолжат со сегашното темпо, се вели во податоци официјално објавени денеска.
- Очекуваме инсталираниот капацитет на соларни постројки да биде меѓу 50 и 100 мегавати до крајот на 2012 година, 500 до 1.000 до крајот на 2013 година и 1.500 мегавати во 2016 година, изјави Золтан наги, претставник од националниот енергетски регулатор.
Два реактора на единствената романска нуклеарна централа во Чернаводи заедно произведуваат околу 1.400 мегавати што задоволува 18 отсто од вкупните потреби за енергија во таа држава.
Романските власти планираат изградба на уште два реактора, но засега нема инвеститори да вложат четири милијарди евра за тој проект.
Слично
