Расте потребата од странски работници во многу земји, но се јавува проблем
Расте потребата од странски работници во многу земји во светот, но и непријателството кон мигрантите.
Сепак, глобалната работна миграција опаѓа, иако стареењето на населението создава сè поголем недостиг од работници, покажува најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој.
Според OECD, миграцијата на работна сила во земјите членки во 2024 година се намалила за повеќе од 20 проценти. Падот, како што се наведува, помалку е поврзан со економската побарувачка, а многу повеќе со растечкото политичко противење кон имиграцијата и со построгите визни правила во дел од индустријализираните земји.
Податоците на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека во Европската унија, граѓаните од земји надвор од ЕУ пополниле околу две третини од новите работни места создадени меѓу 2019 и 2023 година. Глобално, Меѓународната организација на трудот проценува дека во 2022 година имало 167,7 милиони работници-мигранти, што е 4,7 проценти од вкупната светска работна сила, при што повеќе од две третини од нив работеле во земји со високи приходи.
foto freepik.com
