Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте побарувачката, по падот на цената за становите во Скопје

Расте побарувачката, по падот на цената за становите во Скопје

Во Скопје индексот на цената на становите во последниот квартал од 2014 година бележи пад од 5,3 проценти, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

Според НБРМ, тоа е резултат на намалувањето на цената е континуираниот раст на понудата на станови. На годишна основа намалувањето е 0,6 отсто.

Раст има и на страната на побарувачката на станови во четвртиот квартал од 2014 година според податоците на НБРМ, ако се земе предвид растот на станбените кредити во овој период.

Во периодот 2011-2014 кумулативната вредност на станбени објекти е за 72 отсто повисока, период кога стартуваше проектот на државата „Купи куќа, купи стан“, во однос на периодот 2007-2010 година.

На Саемот за градежништво кој стартува следната недела, градежните компании најавија попусти на дел од понудата на станови кои ќе траат само за време на саемските денови.

 
Слично

Поврзани вести