Расте невработеноста во Словенија
Стапката на невработеност во Словенија порасна во јануари за 0,6 на 13,6 отсто, втор месец по ред, по растот од 0,8 отсто од декември, соопшти Заводот за статистика во Љубљана.
Вкупниот број на регистрирани невработени пораснал во јануари за 5,2 отсто на месечно ниво, на 124.258, што според податоците на Заводот, е највисоко ниво од 1999 година.
Стапката на невработеност значително порасна кон крајот на 2012 година и почетокот на 2013, т.е. за 2,1 отсто од септември.
Слично
